Заштита на здравјето и безбедноста при работа на работниците во земјоделскиот сектор од Пелагонискиот регион
Денес во просториите на хотелот Кристал Палас започна дводневниот едукативен семинар во организација на Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник од Прилеп во соработка со Центарот за солидарност од Вашингтон-САД, на тема „Заштита на здравјето и безбедноста при работа на работниците во земјоделскиот сектор од Пелагонискиот регион“ .
Спроведувањето на семинарот од областа на безбедност и здравје при работа на работниците од земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион е во насока за подигнување на свеста за спроведување на законските барања за безбедност и здравје при работа во пракса, вклучувајќи го и делот на превенција.
Целта на семинарот е да се дадат информации, размена на искуства и да се запознаат учесниците со мерките за заштита при работа во земјоделскиот сектор преку пристап кој се базира на меѓународните конвенции преку институционализирана рамка за соработка во согласност со домашните законски регулативи и нормативи од областа на земјоделството.