| |

ОСНОВАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Во општина Демир Хисар, официјално и формално се основа локален економско-социјален совет (ЛЕСС), од страна на Општина Демир Хисар, Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија, а како заедничко консултативно и советодавно тело на Општина Демир Хисар.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Градоначалникот Најдовски, заедно со потпретседателот на ССМ за приватен сектор, Иван Пешевски, извршниот директор на ОРМ, Светлана Ристовска Антиќ, ја потпишаа Спогодбата за основање на локален економско-социјален совет (ЛЕСС) на Општина Демир Хисар, а на потпишувањето беше присутен и потпретседателот на ССМ за јавен сектор, Трпе Деаноски, претставници од МКЦ, Битола, претставници од Бизнис секторот во Демир Хисар, како и Левенд Бичаку од Меѓународниот институт „Олоф Палме“.

Градоначалникот Најдовски, изрази јавна благодарност до сите партиципиенти кои безрезервно го поддржуваат овој проект и придонесуваат за успешно да се формира ЛЕСС, за иницијативата, за произнесените иновативни идеи и мислења поврзани за воспоставување, поттикнување и развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласувањето на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, односно усогласување околу битни економско-социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа, а што, всушност, се основа во остварувањето и имплементирањето на целите на ЛЕСС.

„Со потпишувањето на оваа многу важна Спогодба, се овозможува отворање можности за креирање на економски социјални политики кои ќе нудат подобра перспектива за сите, креирање на нови работни места, посебно во делот на вработувањето кај младите лица, а меѓу другото и, идентификување на потребите на пазарот на трудот помеѓу приватниот и јавниот сектор“, рече Најдовски.

На средбата се разви плодна и конструктивна дискусија, на која беше и потенцирана и потврдата за потребата од институционализирање на социјалниот дијалог, особено значаен за развојот на локалните заедници.

Слични Објави