„ЛИДИЈА ИЛИ СÈ ШТО ЗНАМ ЗА ЖЕНИТЕ“ – НА СЦЕНА 105

На 18 април 2026 година, со почеток во 20:00 часот, на Сцена 105 во Прилеп ќе биде изведена експерименталната документарна монодрама во развој „Лидија или сè што знам за жените“, инспирирана од истоимениот поетски роман на Тихомир Јанчовски.

Претставата претставува интимна и авторска сценска интерпретација која ги истражува односите, перцепциите и искуствата поврзани со жената и љубовта.

Адаптацијата, режијата и актерската изведба се на Игор Трпчески.
Музиката на акустична гитара ја изведува Тони Миќевиќ, а за тонската реализација Томе Темелкоски.

Билетите се достапни на билетарницата при НУЦК „Марко Цепенков“ во следните термини: четврток и петок од 10:00 до 12:00 часот и од 17:00 до 19:00 часот, како и еден час пред почетокот на претставата.

Резервации на билети: 076 442-378.

Слични Објави