|

„ЛАГ АГРО ЛИДЕР и СОУ „Орде Чопела“ дел од европскиот проект BALKANSGROW“

На 19 и 20 март 2026 година, во Порторож, Словенија, се одржа транснационален состанок на партнерите на проектот BALKANSGROW – Green Resilient Organic Wisdom, поддржан од Европската Унија, кој има за цел да придонесе кон одржлив развој, зајакнување на зелените вештини и поттикнување на органското земјоделство во регионот на Западен Балкан и пошироко.

На состанокот каде беа разгледани клучните аспекти на проектната имплементација, како и идните активности. Состанокот претставуваше значајна можност за зајакнување на соработката помеѓу партнерите, размена на знаења и искуства, како и усогласување на заедничките чекори кон постигнување на поставените цели.

Проектот BALKANSGROW обединува релевантни организации од повеќе европски земји, кои заеднички ќе работат на развој на иновативни пристапи во образованието и поддршката на младите во руралните средини. Партнери во проектот се:

  • Универзитет Марибор, Словенија (координатор на проектот)
  • Здружение МЕРАКИ, Шпанија
  • Здружение КРЕСОЛ, Шпанија
  • Центар за стручно образование, Црна Гора
  • Министерство за економија, култура и иновации,Албанија
  • Здружение Кутија, Албанија
  • Центар за развој на невладини организации, Црна Гора
  • ЛАГ АГРО ЛИДЕР, С.Македонија

Во рамки на состанокот, претставниците на партнерските организации ги идентификуваа приоритетните активности, со фокус на развој на современа и иновативна образовна програма во областа на органското земјоделство. Посебен акцент беше ставен на зајакнување на зелените компетенции кај младите, преку интегрирање на практични знаења, дигитални алатки и одржливи практики во наставните содржини.

Преку овој проект, партнерите ќе работат на создавање услови за поголема вклученост на младите во руралните заедници, поттикнување на претприемништвото и подобрување на нивните можности за вработување. Воедно, ќе се промовираат иновативни решенија кои придонесуваат кон заштита на животната средина и одржливо управување со природните ресурси.

Проектот BALKANSGROW претставува важен чекор кон градење на поотпорни и одржливи рурални заедници, отворајќи нови перспективи за младите и придонесувајќи кон развој на зелена и инклузивна економија.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамките на проектните активности ќе соработува со СОУ “Орде Чопела” Прилеп, но и останати институции и граѓански организации од нашата држава чии активности се насочени кон органското производство и зеленото претприемништво.

Слични Објави