Се бараат членови за на иницијативен одбор за организирање и одржување на Локално собрание на млади
Јавен повик Кривогаштани
Општина Кривогаштани објави јавен повик за избор на членови на иницијативен одбор за организирање и одржување на Локално собрание на млади. Повикот го објави градоначалникот на општината врз основа на Законот за младинско учество и младински политики и Законот за локална самоуправа.
Иницијативниот одбор претставува неформална група која ќе има задача да ги консултира младите и да ги застапува нивните интереси во процесот на формирање на Локалното собрание на млади. Одборот ќе соработува со општината во организацијата и одржувањето на конститутивната седница на локалното младинско собрание.
Право на учество во повикот имаат претставници на младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други форми на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Кривогаштани.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да се жители на Општина Кривогаштани,
- да имаат возраст од 15 до 29 години,
- да имаат интерес и искуство во работа со млади и младински организации,
- да покажуваат интерес за унапредување на локалните младински политики и развој на младинското здружување.
Аплицирањето може да се изврши писмено во просториите на општината или електронски на е-пошта opstina_krivogastani@yahoo.com, со доставување на потребната документација, вклучително и пријава за номинација, изјава за согласност и кратка биографија.
Јавниот повик трае 10 дена, од 1 до 10 април 2026 година, а резултатите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Кривогаштани.



