|

Горан Дамевски од ПСК „Пелистер“ го искачи легендарниот Матерхорн – симболот на Алпите

Членот на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола, Горан Дамевски, го освои еден од најпознатите и највеличествени врвови во светот – Матерхорн, кој со својата импресивна форма е вистинска икона на Алпите.

Матерхорн, висок 4.478 метри, се наоѓа на границата меѓу Швајцарија и Италија, над живописното село Цермат (Zermatt) во швајцарскиот кантон Валис и Брело-Червинија (Breuil-Cervinia) во Италија. Овој врв важи за еден од најпредизвикувачките и најопасните за искачување во Европа, поради својата стрмна форма и честите промени на времето.

Подвигот на Дамевски претставува не само личен успех, туку и голема гордост за македонското планинарство. Неговата посветеност, дисциплина и љубов кон планините се инспирација за многу млади планинари и љубители на природата.

Фото: Фејсбук ПСК„Пелистер“-Битола

Слични Објави