|

Битола Домаќин на Вторите Денови на Електроинженерите на Македонија

Во организација на Одделението за електроинженери при Комората на овластени архитекти и овластени инженери, во Битола се одржуваат Вторите Денови на Електроинженерите на Македонија.

На свеченото отворање се обратија претставници на Комората, Универзитетот Св. Климент Охридски и Техничкиот факултет, како и гости од коморите на Црна Гора и Хрватска.

Битола, како стратешки економски центар и енергетски град, е домаќин на настанот, кој има за цел да ги поттикне инженерите да придонесат кон развојот на енергетиката, нискозагадувачката индустрија и компјутерската технологија. Техничкиот факултет при УКЛО игра клучна улога во образованието на новите генерации електроинженери според најновите светски трендови.

Битола активно работи на проекти за подобрување на енергетската ефикасност и квалитетот на воздухот, со што се придонесува кон подобра животна средина.

Средбите продолжуваат со работниот дел во Центарот за култура во Битола.

Слични Објави