(видео) Прочкарска изложба во НУЦК„Марко Цепенков“
Учениците од прилепските основни и средни училишта и оваа година ја продолжија традицијата на изработка на маски по повод празникот Прочка. Креативните изработки, инспирирани од традицијата, современите теми и детската имагинација, се изложени во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Изложбата претставува вистински колоритен мозаик од идеи, каде младите автори преку маските ја изразуваат својата креативност, хумор и критички поглед кон општеството. Може да се забележат традиционални мотиви, но и модерни интерпретации инспирирани од актуелни настани, ликови и пораки.
Оваа активност е дел од подготовките за одбележување на Прочка – празник кој во Прилеп има посебно значење и е неразделно поврзан со богатата карневалска традиција. Изложбата е отворена за посетители и претставува можност граѓаните да ја почувствуваат празничната атмосфера и да ја поддржат креативноста на младите.



