🥊 Волкановски по нова победа во Холандија

Прилепскиот боксер Михаил Волкановски на 18 април 2026 година ќе настапи на меѓународниот боксерски настан „Olympia 75“, кој ќе се одржи во Херлен, Холандија.

Станува збор за професионален боксерски меч во рамки на настан организиран од „Olympic Boxing“, каде Волкановски ќе се соочи со противникот Киро Терџинт (Kiro Terwint). Настанот се најавува како дел од серија борби со интернационален карактер, со учество на повеќе боксери од различни земји.

Ова е уште една важна можност за македонскиот борец да го потврди својот квалитет на меѓународната сцена и да продолжи со успешните настапи надвор од земјата.

Поддршката за Волкановски не изостанува, а очекувањата се дека ќе прикаже силна и борбена изведба, достојна за победа.

🥊 Натпреварот ќе се одржи во „ZNK Olympic Boxing“ арената во Херлен.

Слични Објави