|

Традиционално во Прилеп се одржа рекреативна тура „Сите на велосипед“ 2023

Велосипедскиот клуб „Илинден“ во соработка со локалната самоуправа во Прилеп традиционално ја организираа манифестацијата „Сите на велосипед“ 2023 на која учествуваа голем број на прилепчани. Турата се возеше до село Мало Коњари кое е оддалечено 7 километри од Прилеп. На манифестацијата се доделија и награди за најстариот и најмладиот учесник. Од кој најстариот учесник има 80 години, а најмладиот 5години. Целта на оваа тура е да се промовира велосипедизмот како еколошка гранка со што нема да се загадува животната средина.

„Ми претставува огромно задоволство што денес гледам навистина голем број љубители на велосипедизмот и на спортот воопшто. Возењето на велосипед пред се го зајакнува здравјето, а исто така претставува превозно средство кое што не ја загадува нашата животна средина и со кое што многу побрзо и поедноставно ќе стигнете до вашата дестинација. Па затоа поради сите овие добри и корисни причини сакам да апелирам до сите наши сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и во исто време да ја чуваат животната средина.“ изјави градоначалникот Борче Јовчески.

Во најава со цел да се зајакне користењето на велосипеди во секојдневниот живот во општината и оваа година ќе се распише јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди за граѓаните на општина Прилеп.

Слични Објави