Кој колку објавува? Даночната и буџетска транспарентност на вашата општина!
Според истражувањето на Центарот за економски анализи од Скопје и објавениот извештај, Буџетската транспарентност на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Македонија продолжува да се подобрува, покажуваат најновите податоци за периодот 2024–2025 година. Просечниот индекс на буџетска транспарентност изнесува 11,88 индексни поени.
И покрај благиот пад во споредба со 2023 година, кога индексот изнесуваше 11,93, трендот на раст на транспарентноста е стабилен и охрабрувачки, укажувајќи на засилените напори на општините за поефикасна и отчетна работа кон граѓаните.
Во периодот на следење за 2024–2025 година, буџетската и фискалната транспарентност на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија покажува умерен напредок во одредени сегменти, но и стагнација или благо уназадување во други. Додека достапноста на некои документи, како што се граѓанскиот буџет и извештаите од ДЗР бележи
позитивен тренд, достапноста на клучни документи како што се предлог буџетите и годишните извештаи за извршување на буџетот останува променлива и недоследна. Ова укажува на селективен пристап кон транспарентноста, кој во отсуство на институционализирана пракса често зависи од надворешна поддршка или проектна интервенција.
Истовремено, позитивен сигнал претставува фактот што веќе втора година по ред, сите општини ги имаат објавено своите статути, што укажува на стабилизирана практика за јавна достапност на основните документи. Исто така, зголемениот број на општини што
подготвуваат граѓански буџет говори за растечка свест за потребата од комуникација со граѓаните на разбирлив начин. Сепак, и покрај овие примери на добри практики, анализата потврдува дека долгорочната одржливост на транспарентноста сè уште не е целосно вградена во административната култура на голем дел од ЕЛС.
Во 2024/2025 година, општините покажуваат значително подобрување во објавувањето на информации поврзани со локалните даноци, иако и понатаму има простор за унапредување, особено во однос на редовноста, целосноста и достапноста на документите.
Според истражувањето на Центарот за економски анализи од Скопје и објавениот извештај за Фискална транспарентност кај општините-буџетска и даночна транспарентност, Општина Демир Хисар е водечка општина според интензитетот на даночна транспарентност за 2024-2025 година и е во групата на општини кои се издвојуваат како даночно најтранспарентни.
Даночна транспарентност – Пелагониски регион:
| Општина | Процент | Категорија на транспарентност |
|---|---|---|
| Демир Хисар | 83% | Многу висок степен |
| Битола | 79% | Висок степен |
| Прилеп | 79% | Висок степен |
| Ресен | 75% | Висок степен |
| Крушево | 63% | Висок степен |
| Могила | 54% | Среден степен |
| Кривогаштани | 54% | Среден степен |
| Новаци | 42% | Среден степен |
| Долнени | 33% | Низок степен |
Една од Препораките – Воспоставување на механизми и процедури за редовно организирање на јавни дебати и форуми и процес на консултации пред донесување на буџетот како и воспоставување на механизми.
Целата анализа на следниот линк




