|

Утре (23.02.2024) во 10.00 часот ќе се одржи јавна презентација со стручно презентирање на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.1. во просториите на Општина Прилеп

Границата на деталниот урбанистички план се движи по должина на осовината на собирната улица, бул.“Гоце Делчев” со ознака С2 во должина од 1198,2м’, врти кон североисток каде оди по осовината на собирната улица “Новопланирана” со ознака С12 во должина од 455,1м’, формирајќи ја северозападната граница, потоа врти во југоисточен правец по осовината на собирната улица “Самоилова” (Пере Тошев), со ознака С3, во должина од 513,4м’, формирајќи ја североисточната граница, потоа врти во јужен правец по осовината на сервисната улица “Браќа Миладиновци” со ознака Ср9, во должина од 283,5м’, формирајќи ја источната граница, потоа врти во источен правец по осовината на сервисната улица “Браќа Миладиновци” со ознака Ср9, во должина од 220,6м’, формирајќи ја северната граница на опфатот, се до накрсната точка со сервисната улица “Браќа Миладиновци”, со ознака Ср5, во должина од 445,5м’, врти во југоисточен правец се до вкрстувањето со бул.“Гоце Делчев” која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со периметар од 3116,64м’, со површина на планскиот опфат од 438249,96 м2, односно 43,82ха. Подрачјето на пласнкиот опфат е во рамките на ГУП за Општина Прилеп.

Јавната анкета е започната од 07.02.2024 година и ќе трае до 18.03.2024 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот. Во овој рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретно подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Соопштението е Врз основа на член 27 став (5), како и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. Весник на РМ бр. 5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп.

DUP BLOK 3.1 NACRT PLAN rev (2).pdf

Соопштение 3.1

Слични Објави