Приведен прилепчанец поради навреди и закани кон полицијата

Полициски службеници од Прилеп привеле возач поради агресивно однесување за време на сообраќајна контрола, информираат од надлежните институции.

Инцидентот се случил на 2 мај, околу полноќ, на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп, кога било запрено патничко возило марка „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. од Прилеп.

Според информациите, при контролата возачот не соработувал со полициските службеници, при што упатувал навреди и закани кон нив.

Поради ваквото однесување, тој бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични Објави