|

Протест на СКРМ пред Уставен суд

Синдикатот на културата најави нов протест кој ќе се одржи на 28 април со почеток во 13 часот пред Уставниот суд.

Под мотото „Ако денес молчиме, утре нема да има што да браниме“, од Синдикатот повикуваат на масовна поддршка и присуство, истакнувајќи дека културните работници мора јавно да го изразат својот став.

„Излези. Биди гласен“, порачуваат организаторите преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека културата има свој глас кој мора да се слушне.

Протестот е дел од континуираните активности на Синдикатот на културата, кој во изминатиот период повеќепати реагираше за непочитувањето на колективниот договор од страна на Министерството за култура и туризам.

Слични Објави