|

Приведено дел од поранешното раководство на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“

Според неофицијални информации, станува збор за група од околу 25 лица осомничени за финансиска проневера. Од МВР информираат дека приведените најверојатно утре ќе бидат изведени пред јавен обвинител во Прилеп.



Овој случај е продолжение на претходна истрага што ја водеше Финансиската полиција пред неколку месеци, кога беше извршен претрес во домовите на дел од осомничените. Неофицијално, една од нив тогаш побарала лекарска помош и била сместена на Интерното одделение во прилепската болница.

Според извори од ОЈО Прилеп, првичните сознанија укажуваат на финансиски малверзации, фиктивни набавки и злоупотреба на јавни средства. Истрагата, се проширува и кон други институции кои имале деловни односи со болницата.

Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта или утрешниот ден.

Слични Објави