| |

ЗАЕДНИЦА НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ЗЕЛС

ЗЕЛС, ги обединува сите 80 општини во Република  Северна Македонија и Градот Скопје како нејзини членки. За реализација на целите кои недвојбено се единствени, ЗЕЛС пронајде механизми за активно вклучување на сите интелектуални и технички капацитети на општините формирајќи посебни комисии кои ги опфаќаат сите сфери на децентрализацијата.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


ЗЕЛС, како своевиден центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локаланта самоуправа, со цел што посуштинска реализација на стремежите и заложбите за подигнувањето на квалитетот на демократското остварување на процесите од локален карактер, има огромно значење.

Денес, бројни инцијативи и активности секојдневно се реализираат со голема динамика, одразувајќи ја полната подготвеност за соочување со предизвиците. Овие процеси на реализација на Уставно загарантираните демократски принципи, се претопија во тесна соработка помеѓу Централната и локалната власт, што резултираше со усвојување оперативна програма за децентрализација на власта и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија, изразувајќи притоа, целосен респект кон вредностите утврдени во Европската повелба за локална самоуправа.

Повеќе за ЗЕЛС посетете ја нивната веб страна – https://zels.org.mk/

Слични Објави