Изложба „АЛИ ФЕТИ ОКЈАР – ИСТОМИСЛЕНИК И СОРАБОТНИК НА АТАТУРК“ – петок 10.11.2023
Во петок (10.11.2023) година во 19 часот, во фоајето на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена Изложбата „АЛИ ФЕТИ ОКЈАР – ИСТОМИСЛЕНИК И СОРАБОТНИК НА АТАТУРК“, посветена е на прилепчанецот со биографија која фасцинира , како и на интелектуалното братство со „ТАТКОТО НА ТУРЦИЈА“.
Истата е во рамките на Програмата на НУ Завод и Музеј – Прилеп, а финансиски поддржана од Министерството за култура.
————
Али Фетхи Окјар (29 април 1880 – 7 мај 1943) . Роден е во 1880 г. во Прилеп. Во 1898 година се запишaл на Воената академија во Солун, каде што во 1900 година го завршува образованието со чин – пешадиски поручник. Во 1904 година унапреден е во чин капетан и распореден е во командата на 3-та армија во Солун, а во 1908 година, со чин мајор е назначен за командант на Жандармериската школа во Солун. Во 1909 година станува воен аташе во Франција, сè до 1911 година, кога ја презема командата на генералштабот во Скадар. Истата година, во месец октомври, заедно со Енвер Паша и со Кемал Ататурк учествува во одбраната на Триполи во Италијанско-Турската војна. Во 1912 година избран е за пратеник на Битолскиот вилает во Турскиот парламент. Во 1913 година ја врши должноста амбасадор во Софија. Истата година се приклучува кон политичката партија „Комитет за обединување и прогрес“ и избран е за генерален секретар. Во 1923 година станува претседател на Собранието, а во периодот од 1924-1925 година бил премиер на турската влада. Во 1930 бил вршител на должноста амбасадор во Франција, кога на барање на Кемал Ататурк учествува во формирањето на Либералната демократска партија (Serbest Cumhuriyet Fırkası). Починал на 7 мај 1943 година во Истанбул. (Извор wikipedia)