Просторен и Урбанистички планови во теорија и практика

Оваа теорија никој не ја ферма, ама ниту во делче. Во тоа нефермање води општината, која е водена од многу интереси, ама сите спакувани во обланда „за доброто на граѓаните“. Сега, најчесто, прво се почитуваат личните и партиски интереси, но и интересите на постоечките бизнисмени, кои „фрлиле око на ова и на она“ и за тоа се спремни да „подмачкаат“. После нив идат странските бизнисмени, па дури и да се наши политичари, кои отвориле странска фирма, и сега украдените пари ги враќаат како странски инвестиции.

Како (по теорија) треба урбанистички да се планира.

Прво се носи Просторниот план на државата. Во овој план го има (буквално) секој достапен податок за цела територија на државата и тоа од број на коли, па до издашност на извори за вода, историско менување на теченија на реки, животински видови и нивна застапеност. Буквално, секој податок.

 Потоа се носат ГУП – овие и на крајот ДУП – овите. Сите дотогаш донесени урбанистички акти се земаат во обзир, но не мора тоа да биде буквално. ГУП – овите ги даваат намените на зоните (теренот) на градот и населенигте места, а ДУП – овите решаваат до детали, согласно намените на единиците, ситуација до катастарска парцела, граници до каде може да се гради на тие парцели („градежни линии“) и што. Ако е зоната за мали сервиси, таму нема да дозволат стамбена куќа. Ако е за зеленило, тоа мора да остане парк и нема никакви приказни и индивидуални желби. Ако е пропишано 50% од земјиштето да биде за домување, не може да биде 51%. Во самото градење, во стамбена површина се земаат и паркинзите, што значи дека за секој стан мора да биде предвидено и паркинг место.

ГУП – от не е за граѓаните, туку само за урбанистите. Тука тие „сонуваат“ за идентитет на градовите и селата и нивната урбана иднина, за многу години.

Така е по теорија.

Кога градот ќе добие ГУП, тогаш треба да објави конкурс за „арархитектонско – урбанистичко решение“. Нив ги прават заинтересираните компании за урбанистичко планирање, во форма на трудови, со потребните нацрти и описи на решавање на секоја зона од ГУП – от, а градот треба да го одбере најдоброто решение. За тоа дава награди (може само прва, а може и втора, трета, посебни награди за ова и за она и сл). После тоа, „градот“ прави тендер наменет за бизнисите и интересентите, кои тоа би го спровеле во живот – по планот. При тоа јавниот интерес е 99% од сета работа – мора да биде заштитен во секој поглед и сите лични и деловни „апетити“ не смеат да го померат ниту сантиметар. Интересентите треба да си ја најдат економската логика, при пријавувањето на тендерот.

Оваа теорија никој не ја ферма, ама ниту во делче. Во тоа нефермање води општината, која е водена од многу интереси, ама сите спакувани во обланда „за доброто на граѓаните“. Сега, најчесто, прво се почитуваат личните и партиски интереси, но и интересите на постоечките бизнисмени, кои „фрлиле око на ова и на она“ и за тоа се спремни да „подмачкаат“. После нив идат странските бизнисмени, па дури и да се наши политичари, кои отвориле странска фирма, и сега украдените пари ги враќаат како странски инвестиции. Но, за тоа нема ниту да се нервираме: Нека ги вратат парите во државата и не е битно друго. Но, тука има едно големо „НО“: Тие кои со криминал ги заработиле, сакаат и со криминал да ги инвестираат и нивното евро да вреди 3 евра, уште на самиот старт. Поинаку кажано, тие сакаат да купат многу повеќе, отколку што дале од украдените пари. Дури и да се работи за вистински странски инвестиции, без македонско потекло, приказната е иста и уште полоша.

Заради што? Па заради тоа што нашите честити митомани ќе им дадат предлози да им дадат не вредност од 1 Е за 1 Еврао, како што е редот, туку ќе им понудат и 100 евра за 1 вложено евро, ако дадат и под рака.

Како тоа се прави?

Ма каков задник? Им ги дадовме и гаќите и пантолоните, лиценци за загадување, за непочитување стандарди, им градивме економски зони, каде секоја желба им беше исполнета. Резултатите им послужија на политичарите, а митото уште повеќе, додека државата доби „вработувања“ од кои никој нема корист, затоа што Македонците скоро никогаш не се невработни и секогаш имаат „кец во ракавот“, односно „сив бизнис“.

На многу начини. Ние веќе видовме кампањи за привлекување странски инвестиции, каде и задникот им го дадовме за да донесат „шрафцигер индустрија“, а ние им направивме зони, патчиња и патишта им донесовме струја, им дадовме субвенции за секој вработен, им дадовме олеснувања од даночни, па до изземање од парафискални давачки, од проблеми со синдикатите од…. Ма каков задник? Им ги дадовме и гаќите и пантолоните, лиценци за загадување, за непочитување стандарди, им градивме економски зони, каде секоја желба им беше исполнета. Резултатите им послужија на политичарите, а митото уште повеќе, додека државата доби „вработувања“ од кои никој нема корист, затоа што Македонците скоро никогаш не се невработни и секогаш имаат „кец во ракавот“, односно „сив бизнис“.

Во тој турнус на „исполнување желби“, ние немавме долна граница во менувањето на ДУП – овите, само ним да им одговараат. Најголемиот дел од нив, кога завршија роковите за давање субвенции и плаќање на доприносите на работниците, само „ја стуткаа опашката во задникот“ и си заминаа. Некои, фала Боже, останаа со нивните шрафцигери, но немаат доволно работна сила, затоа што нашиот најдобар вработувач е Хрватска, Словенија, Чешка, Холандија и Германија, а во ИТ индустријата цел свет вработува Македонци. Сето тоа никаква врска нема со кампањите.

Друг начин е да им ветат „никаква контрола“ на експлоатација на сировини, да им дадат најатрактивни локации за мали пари и други недозволени работи. Кутри градоначалници, министерство за економија и финансии никогаш не сфатија дека вистинските инвеститори ич не ги заболе за тие криминално – дебилни подароци, кои ќе ги вратат низ мито, раководни места за децата и сл. Вистинските инвеститори најмногу ги занима квалификувана работна сила и добри раководители на погони, инжинери и капацитет. Другото за нив е „гола вода“. Но, за овие „наши – странски“ инвеститори, тоа е главниот апетит: Да се подукраде уште малку.

Сето ова и нема да биде важно, затоа што ветрот веќе го однело, но „потрошениот простор“, набиените згради – една до друга и енормно зголемениот сообраќај го снижија стандардот на живеење. Ова ќе го дознаат идните „јас живеам во центарот“ типчиња и типки и тоа на најтешкиот начин.

Поединечните лукративни урбанистички приказни се приказна за себе – секоја со своја судбина, со своја злоупотреба на законите и моќта, секоја со своето оптеретување за идното урбанистичко планирање. Едно е битно, општините и да ги зедоа парите од комуналии од инвеститорите, немаа голема корист од тоа и ги дадоа за вработување багателен партиски кадар, роднини и љубовници. Исто како со урбанизмот: работните мета пополнети – работата незавршена.

Плановите се идеи и никој не ги фермаше, а приватните парцели тешко стануваат државни (повторно) затоа што или општините немаат пари да ги купат по пазарна цена или не нудат добар надоместок во државно земјиште за таквите парцели.

Слични Објави