Анкета за испитување на ставовите на граѓаните за реформите
АГТИС спроведе анкетa за испитување на ставовите на граѓаните за реформите во склоп на проектот „Детски болести на демократијата“ , поддржан од НЕД, во периодот од 16.10.2018 до 19.10.2018 во поголемите населени места низ државата.
Цел на анкетата е да ги испита ставовите и интересот на граѓаните околу реформите, нивното знаење околу он-гоинг реформите, нивните резултати и мислењата околу успешноста/неуспешноста на реформите.
Анкетата беше спроведена на репрезентативен примерок од населението во државата (почитувајќи го пописот од 2002 г.) по принципот walk random, со користење алгоритам за пристапување до испитаниците. Прашалникот содржи и отворени и затворени прашања, а сметаме дека ќе достигнеме степен на доверба во резултатите од 94%.
Проценката е потребна заради пласирање пореална и непропагандна слика за впечатокот на граѓаните за спроведувањето и влијанието на реформите, како и состојбата со очекувањата од реформите.
Овие анкетни резултати ќе бидат дел од долготрајните напори за враќање на Македонија на реформскиот курс и потврда на загриженоста на меѓународната заедница и домашната демократска јавност изразена токму преку индикатори на реформски успех / неуспех, кои можат, но не мораат да бидат прифатени од граѓаните.
Погледнете ги резултатите од анкетата на видеото.