Цветкоски за Радио Слободна Европа: Потребен е систем на одговорност за дадените ветувања
Александар Цветковски од невладината организација АГТИС вели дека освен кадровски решенија, потребно е да има воспоставување на нов систем на одговорност за дадените ветувања, исполнување на очекувањата на народот и гласачкото тело.
„Т.н метла на Заев е добар сигнал, но да видиме до каде ќе оди. Инаку не треба да се направи метла туку треба да се направи систем кој сам по себе ќе биде метла и ќе ги мете оние луѓе кои се некадарни, кои се неспособни, кои ги закочија целосно институциите и го продолжија одот на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Цветковски.
Тој наведува дека има институции кои лошо работат, а законите кои се донесени не се спроведуваат.
Целиот напис прочитајте го на следниот линк.