Општина Кривогаштани го организира првиот ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА

Општина Кривогаштани го организира првиот ФЕСТИВАЛ НА ПИПЕРКАТА на 27ми август со почеток во 17 часот во општина Кривогаштани

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Со цел валоризација на пиперката – капија, како една од најпрепознатливите компоненти на гастрономијата во Кривогаштани и пошироко на регионално и национално ниво, општина Кривогаштани со оваа манифестација ќе ги претстави локалните производители и агро бизниси потенцирајќи го нивното значење за социо-економскиот развој преку промовирање на нашите културни и традиционални вредности.

Што ве очекува?

  • Изложба на пиперки и производи од пиперка, прoмоција на производи од локални произведувачи од агросекторот Кривогаштани Промет, Бимфуд, Везе Шари, Евора и Вори, Караорман и Оки Доки, Агро Рајчин и Ди Ем, Слоу Фуд,  со изобилство и разновидност на производи
  • Музичка програма – Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Андријана Јаневска, Драган Темелковски Џони, Елена Велеска, нашите локални изведувачи Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.
  • Детска програма – детско катче за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци
  • Локална Храна – промоција на извонредниот вкус на локалната храна од Кривогаштани

Слични Објави