Карванот на книгата на МАИ во Прилеп од 8 до 11 јуни

Од 8 до 11 јуни 2026 година, галеријата на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде домаќин на традиционалниот летен „Карван на книгата“, организиран од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).

Прилеп е првата станица од овогодишниот карван, кој има за цел да ја доближи книгата до читателите низ повеќе градови во државата. Во периодот од 10:00 до 21:00 часот, посетителите ќе имаат можност да избираат меѓу најновите и најпопуларните изданија по саемски цени.

На карванот ќе учествуваат шест издавачки куќи членки на МАИ: „Полица“, Издавачки центар „Три“, „Божилак“, „Бата прес“, „Мартина“ и „Светулка“.

Љубителите на книгата ќе можат да најдат литература од различни жанрови, наслови за деца и возрасни, како и бројни изданија по промотивни цени.

Слични Објави