|

ЛАГ Агро Лидер на регионална средба за економско зајакнување на жените во Западен Балкан

ЛАГ Агро Лидер на регионална средба на проектот Економско зајакнување на жените од Западен Балкан

Во периодот од 1 до 5 јуни, на Златибор, Србија, се одржува средба во рамки на регионалниот проект за економско зајакнување на жените во Западен Балкан, на која учествува и Здружението ЛАГ Агро Лидер како локална организација од нашата држава.

Средбата ги обедини претставниците на CARE, партнерските организации и локалните граѓански здруженија од регионот со цел да се направи осврт на досегашните резултати од проектот, да се анализираат спроведените активности и да се дефинираат идните насоки за делување.

Проектот се реализира во рамки на австриските меѓународни партнерства со поддршка на Австриската агенција за развој,  и има за цел да придонесе кон создавање подобри услови за развој на женското претприемништво во четири земји од Западен Балкан – Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Преку различни форми на поддршка, обуки, менторство, грантови и вмрежување, проектот придонесува кон јакнење на економската позиција на жените и развој на одржливи бизнис иницијативи.

ЛАГ Агро Лидер останува посветен на својата мисија за унапредување на економските можности за жените во локалните средини и продолжува активно да придонесува во регионалните иницијативи кои промовираат еднакви можности, економска правда и одржлив локален развој.

„Економски независна жена значи посилно семејство, поотпорна заедница и поодржлива иднина за сите.“ а за тоа се потребни соработки, партнерства, размена на знаења и искуства и примена на добри иницијативи во нашите заедници.

Слични Објави