Негрижлива грижа: (Многу декларации, малку дела) 2
“Државата мора да обезбеди услови за физички, ментален, емоционален, морален и социјален развој на децата” — звучи благородно, но реалноста е сосема поинаква. Растечкото врсничко насилство и насилството врз децата воопшто, се најјасниот показател за системска негрижа.
Многу декларации, малку дела
Насилството врз учениците претставува повреда на основните детски права. Децата се соочуваат со врсничко насилство, но и со злоупотреба од возрасни. Во исто време, институциите што треба да се справат со овие проблеми покажуваат фрапантна незаинтересираност. Наставниците и стручните служби честопати избегнуваат длабинско постапување, оправдувајќи се со слаба соработка од родителите или недостиг на ресурси.
Министерствата подготвуваат закони и правилници, но нивната примена останува само на хартија. Невладините организации организираат проекти и пишуваат прирачници, но ефектот на терен е речиси незабележлив. Родителите, пак, често немаат време или волја да се вклучат во воспитанието и заштитата на своите деца.
Училишта под товарот на системски слабости
Една од главните причини за ескалација на врсничкото насилство е недостатокот на професионализам и обука на стручните служби во училиштата. Психолозите и педагозите неретко се недоволно едуцирани и неликвидирани за својата работа, што значително го намалува нивниот кредибилитет и ефективност. Од друга страна, партизираноста во управата на училиштата, непотизмот при изборот на кадри и пасивноста на наставниците дополнително го поткопуваат системот.
Паралелно, децата растат во средина на нормализирано насилство. Социјалните медиуми и општествените норми поттикнуваат агресија како средство за докажување и доминација. Моделите на однесување што ги гледаат дома — агресивен говор, непочитување на закони, истакнување на моќ преку материјални симболи — само го засилуваат овој тренд.
Што е потребно за промена?
- Засилување на стручните служби: Лиценцирање на психолозите и педагозите, редовни обуки и значително повисоки примања за мотивирање на стручност и посветеност.
- Елиминирање на политизацијата: Непартиски избор на училишни директори и раководства, како и транспарентни процедури за составување на паралелки.
- Активна родителска улога: Поттикнување на родителите да соработуваат со училиштата, да го поддржат менталното здравје на своите деца и да учествуваат во превенцијата на насилството.
- Јакнење на законските механизми: Строга примена на правилниците и активна соработка со социјалните служби и полицијата при секој случај на насилство.
Насилството врз децата не е само проблем на училиштата. Тоа е рефлексија на општеството во кое живееме. Без заеднички и системски напори, “негрижливата грижа” ќе остане доминантна пракса. Време е да се прекине трката на долги патеки спротивно од одговорноста.