| |

Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник – Општина Прилеп ги повикува граѓаните да си го платат данок на имот

Одделението за администрирање на приходи при Локалната Самоуправа Прилеп ги известува сите правни и физички лица кои имаат обврска за плаќање по основ на данок на имот и комунална такса одговорно да пристапат кон наплата на своите обврски.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Исто така ги повикуваме сите граѓани кои што поседуваат имот а немаат поднесено даночна пријава во одделениоето за администрирање на приход да го направат истото во најбрз можен рок. Со тоа би се избегнале секакви дополнителни трошоци кои би произлегле од неспроведувањето на законската обврска за сите граѓани и правни лица.

Со навремено подмируваме на данокот на имот, се полни директно општинскиот буџет, преку кој се овозможува реализирање на планираните јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за подобрување на условите за живеење и развојот на општината!

Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

🤝Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот

Слични Објави