Проектирање на иднината и спремност за тоа
Проектите се „капитал“ на општините. Добрите проекти, било да се за аплицирање во Бирото за регионален развој, било да се за другите донаторски програми, се основен двигател на општините, низ кои тие треба да градат капацитет.
Но, позадината на таквиот капацитет не е лесна работа и потребно е догогодишно искуство и постојано градење општински капацитет за проектирање, посебно заради тоа што проектите задираат во многу сектори и општински планови.
Околу тој капацитет, политичката волја и разбирањето на „проектната иднина“ на општините, разговараме со Клаудија Лутовска – експерт за изработка и аплицирање со проекти, консултант на многу општини во Македонија и едукатор за проектен циклус, за да ги расчистиме недоумиците со спремноста на општините и централните институции за децентрализација и регионализација, за третата фаза на децентрализацијата.
Интервјуто е дел од проектот „Отворени општини со отворени податоци“, чија цел е да го реафирмира граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално и регионално ниво во Пелагонискиот Плански Регион (ППР). Проектот е поддржан од НЕД.