| |

(видео)Проданоски најави еколошка акција: „ЕКО МИСИЈА – твојот потпис за природата“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска ја најави големата еколошка акција под мотото „ЕКО МИСИЈА – твојот потпис за природата“, во која ќе бидат вклучени јавните претпријатија, училиштата, компаниите и граѓаните. Целта е подигање на еколошката свест и заеднички придонес за почиста околина.





Акцијата ќе се реализира во сабота, со почеток во 8:30 часот пред Домот на културата „Марко Цепенков“, каде што ќе биде обезбеден организиран превоз до локациите.

Проданоски најави дека ќе се чистат три клучни подрачја околу Прилеп:

  • Комплексот кај Вештачкото Езеро,
  • Излетничкото место Селце и патот кон манастирот „Св. Димитрија“,
  • како и околината на Волково, каде што е планирано уредување на нов рекреативен парк.

Посебно внимание ќе се посвети и на влезовите во градот – улиците Орде Чопела, Леце Котески и Александар Македонски, каде што често се создаваат диви депонии со градежен отпад.

„Нашата идеја е да ја подигнеме свеста кај сите прилепчани. Природата е наше наследство, а ние сме должни да ја чуваме и да ја оставиме чиста на идните генерации“, изјави градоначалникот Проданоски.


Покрај чистењето, во сабота ќе се спроведе и традиционалната акција за варосување на дрворедите во централното градско подрачје, а наскоро се планира и пошумување на околните подрачја.

Градоначалникот потсети дека е во тек и акцијата за чистење на речното корито на градската река, со цел подобро одводнување и заштита од излевање при обилни врнежи.

„Обезбедени се вреќи, ракавици и сета потребна опрема. Од граѓаните очекуваме само добра волја и чувство на одговорност“, додаде Проданоски.


За граѓаните што сакаат да исфрлат кабаст отпад, ЈКП„Комуналец“ нуди бесплатно подигање секој четврток. Проданоски апелираше отпадот да не завршува во реките и на диви депонии, а инспекциските служби најавија построга контрола и санкции за несовесните граѓани.

Слични Објави