| |

(видео) Осум часа работа, осум часа одмор… и 24 часа молк

„Први мај започнува да се слави во втората половина на 19-тиот век, како симбол на борбата за работнички права. На 1 мај 1886 година, во Чикаго, се одржува историскиот работночки штрајк. За време на штрајкот, полициската бруталност довела и до жртви, а многу од организаторите биле фатени и подоцна осудени и погубени. Тие судења остануваат симбол на репресија, но и на храброста на работничкото движење.

Во нашиот контекст, Македонија денес се наоѓа во сложена ситуација. Наместо ди се крене глас за достоинствени плати, наместо на протест, како што историски би било очекувано, мнозиството граѓани бираат пасивност. Овој обичен човек, наместо да се бори за своите права, бега од реалноста. Наместо протест, тој оди на пикник, прави скара, пие пиво. Оваа пасивност е опасна, бидејќи одредени синдикати се борат да го разбудат работникот, но друг дел од синдикатите едноставно се повлекува, постапувајќи како послушни следбеници на властите. Така, празникот губи смисла, а борбата за правда се отуѓува.“

Слични Објави