НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, ја одбележа 80 годишнината од смртта на еден од најпознатите турски државници – Али Фети Окјар
НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, на 8- ми мај во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ја одбележа 80 годишнината од смртта на еден од најпознатите турски државници, истакнат турски политичар, дипломат, демократ од поновата историја – Али Фети Окјар (1880-1943) соработник на Кемал Ататурк, а наш сограѓанин.
На настанот пред присутните поздравно обраќање имаше Горанчо Цветкоски – в.д. директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп
За животот на Али Фети Окјар говореше Рубинчо Белчески – кустос советник, историчар, носител на проектот кој е поддржан од Министерството за култура на Македонија
Свое обраќање имаше и внукот на Окјар – професор д-р Али Фети Окјар и Н.Е Хасан Мехмет Секизќок амбасадор на Р. Турција во Р.С. Македонија.
На настанот градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески истакна – Нашиот сограѓанин Али Фети Окјар, „го враќаме дома“ тука во Прилеп, во градот каде што се родил и го поминал своето детство и ќе направиме се’ за да го чуваме споменот за него, како роден прилепчанец. Затоа ќе се заложиме да направиме достојно спомен обележје тука во нашиот Прилеп. Во таа насока нашата Локална самоуправа во соработка со институцијата Завод и Музеј – Прилеп, ќе ги поддржи иницијативите, формите и активностите кои ќе бидат предложени за афирмирање на ликот и делото на Али Фети Окјар.
Ви пренесуваме дел од настанот













