| |

Непречено започна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион

Непречено и без проблеми денеска започна гласањето на болните и изнемоштените лица, штитениците во домовите за стари лица и осудениците во затворите во Прилепскиот регион, во рамки на изборниот процес што се одржува еден ден пред главниот изборен ден.



Од Општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека гласањето тече во најдобар ред.

– Нема никакви проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор, изјави Валентин Божиноски, претседател на Општинската изборна комисија во Прилеп.

Во Прилеп денеска своето право на глас го остваруваат 298 болни и изнемоштени лица, 60 штитеници во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и 119 осуденици во прилепскиот затвор.

Гласање се одвива и во соседните општини:

  • во Крушево – 222 болни и изнемоштени лица,
  • во Кривогаштани – 61 лице,
  • и во Долнени – 105 болни и изнемоштени гласачи.

Вкупно, во Прилепскиот регион денеска своето избирачко право го остваруваат 865 гласачи – болни, изнемоштени, штитеници и осуденици.

Слични Објави