| |

МОЈАТА ОПШТИНА, ДИГИТАЛНА И НА ДЛАНКА – ОПШТИНА ДОЛНЕНИ ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА


Општина Долнени се приклучува на кампањата „Општина на дланка“
 , иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници. Кампањата е реализирана во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во соработка со Министерството за локална самоуправа. Целта на кампањата е сите општини па и на општина Долнени, активна соработка со овој проект за да се постигне:

• Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии; Поефикасно планирање и извршување на буџетот; Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност; Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори; Поголем пристап до надворешни извори на финансирање; Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Исто така, целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

  • Во рамките на кампањата, општината треба редовно да ги ажурира комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. Посетете ја веб-страницата на општината https://opstinadolneni.gov.mk , пребарајте и добијте ги потребните информации. Вклучете се во креирањето на транспарентна општина!.

Дознајте повеќе за кампањата Општина на дланка:

Слични Објави