ЗОКУМ Прилеп ќе чести книги, а кафето е од вас
Оваа сабота во центарот на Прилеп, Здружението за култура и уметност – ЗОКУМ ќе организира несекојдневен настан: бесплатна раздавања книги за граѓаните.
Целта на настанот е да ја поттикне љубовта кон читањето и да ја приближи книжевноста до секој кој сака да ужива во пишаниот збор.
На располагање ќе има книги од различни жанрови – белетристика, поезија, стручна литература, детски книги и многу други изданија. Книгите ќе се делат на случајни минувачи низ центарот на градот, како и во прилепските кафулиња, во соработка со ученици од основните училишта во Прилеп.
Настанот е бесплатен – книгата е на подарок, а кафето е на ваша сметка.



