|

ЈУЛИЈАНА ТАЛЕСКА, НАЈУСПЕШНА НАСТАВНИЧКА НА ДЕЦА СО ПОП. ОПШТИНА БИТОЛА НАЈДОБРА МЕЃУ ОПШТИНИТЕ

Како дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби (ПОП)“, кој го спроведува организацијата „Отворете ги прозорците“, со поддршка од Детската фондација Песталоци, се одржа јавна дебата на тема: „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“.

Претставници од локалните самоуправи, проектни училишта, основни училишта, центри за поддршка на учењето, како и родители од Прилеп, Велес и Битола диксутираа за промените кои проектот „Инклузија на деца со ПОП“ ги прави преку иницијативите и активностите што ги спроведува.

На јавната дебата беа доделени признанија за најуспешните инклузивни практики на ниво на:

• локална самоуправа – добитник е општина Битола, а признанието го прими Симона Јовевска, вработена во Општина Битола, како Советник за социјални услуги за ранливи групи
• одделение – добитник е II – а одделение, на наставничката Емилија Николовска Спировски, од основното училиште Елпида Караманди од Битола;
• проектно училиште – добитник е училиштето Васил Главинов од Велес;
• наставник – добитник е наставничката Јулијана Талеска од основното училиште Климент Охридски од Прилеп.

Отворете ги прозорците (ОП) е единствената организација во земјата и во Западен Балкан целосно посветена на промовирање на асистивната технологија и дигиталната инклузија. Водена од визијата на „свет на рамноправни и активни луѓе.“, Отворете ги прозорците ја остварува мисијата „преку асистивната технологија да го поттикнува и олеснува активното вклучување на сите луѓе“.

Слични Објави