Времето денес – попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло време се очекува денеска, 25 август, во претпладневните часови. Во текот на попладнето и вечерта, времето ќе биде нестабилно, со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме, проследено со засилен до силен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 32 до 38 степени Целзиусови.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни во попладневните и вечерните часови, особено при престој на отворено, поради можноста за нагло влошување на временските услови.

Слични Објави