ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР 2024 (ВИДЕО)
Секоја општина во Пелагонискиот регион има посебни карактеристики и е препознатлива по нив, а кога зборуваме за општина Ресен секако на светските мапи и на светските сајтови ќе ја пронајдете и со познатото ПРЕСПАНСКО ЈАБОЛКО.
Главна стопанска гранка во Општина Ресен е овоштарсвото, особено производството на јаболка. Преспанското јаболко е главниот производ во регионот и има различни специјалитети направени од ова овошје, па десертите од јаболка се нешто по што ќе го паметите регионот, вкусете ги на овогодинешниот настан.
Општина Ресен ве кани на Преспански Јаболкобер од 26 – 28 Септември.