Задоцнет почеток
Последниве 2 – 3 години, соработката на институциите со граѓаните и НВО – ите е на усните на сите одговорни личности, па и на општинарите и на универзитетите. Вистина е дека, откако имавме големи замерки во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија, околу неучеството на граѓаните во работата на институциите, ова стана проблем за сите институции, а посебно за локалните самоуправи. Но, вистина е и фактот дека младите се исселуваат, па тешко дека младите ќе ги заинтересираме за јавно учество, кога тие својата перспектива ја гледаат само во исселувањето. Едноставно, гласот на младите од европските градови, слабо го слушаме. Затоа и радува фактот дека и општините и УКЛО во центар на своето внимание го ставаат исселувањето на младите, но ќе мора да разберат и тоа дека тоа нема да го ублажат со непосветена работа. Младите имаат поинаков свет од нас постарите, поинакви вредности и потребен е многу поголем напор за да „им го украдеш вниманието“. Тоа треба институциите да го научат: како се разговара со млад човек. Но, тоа бара и многу други нешта, како што се повисоки вештини на општинарите и професорите, подобра, пошаренолика, поискрена обука и едукација, „скроена“ спрема потребите на младите. Тоа е и причината што вакви форми на заедничка акција на НВО – ите, институциите и УКЛО мораме да ги сметаме само како почеток на една тешка и долга „борба“ за нашите млади. Радува што веќе има поединци, кои го разбираат овој „задоцнет почеток“.
Повеќе за сето ова во видеото со Катерина Чукалевска од работилницата „Будење на заспаниот Џин“