| |

ОПШТИНА НОВАЦИ СО НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ЗА ПЕРИОДОТ 2023-2028 ГОДИНА

Советот на Општина Новаци на 31 – вата седница ја разгледа и усвои Стратегијата за локален економски развој на Општина Новаци за периодот 2023-2028 година.

За изготвувањето на овај стратешки документ потебно било едногодишна работа со многубројни истражувања и собирања на податоци при што била направена SWOT aнализа на Општина Новаци, дефинирана визијата за тоа каде се гледа локалната самоуправа во овој петгодишен временски период.

Определени се 4 стратешки цели и изготвен е акционен план со детален план на активности за секоја од целите поединечно.

Вкупната финансиска вредност на Стратегијата за ЛЕР 2023-2028 за Општина Новаци изнесува 404.629.348,00 денари.

Од општина Новаци, кажаа дека стратегијата наскоро ќе биде објавена на нивната официјална веб страна со цел граѓаните, невладините организации, бизнис секторот да можат подобро да ги планираат нивни документи, планови, а со тоа општината работи на подигање на својата транспарентност и отчетност.

Слични Објави