|

Бегалец од Демир Хисар приведен во Крушево

Лицето кое во март годинава изврши вооружен напад и застрела вработена во Центарот за социјални работи во Прилеп, денеска било приведено откако претходно избегало од ЈЗУ Психијатриска болница „Демир Хисар“, информира Министерството за внатрешни работи.



Како што соопштува МВР, денеска (29.11.2025) околу 13:35 часот било пријавено дека А.Ј. (51) од Прилеп се оддалечил од болницата, каде што бил хоспитализиран.

По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Прилеп околу 17:00 часот го лоцирале и го привеле лицето на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево, по што било безбедно приведено.

Според неофицијални информации, за време на бегството лицето се заканувало на повеќе лица, по што полицијата интензивно трагала по него сè до неговото приведување.

Понатамошната постапка е во надлежност на надлежните институции.

Слични Објави