Широк Сокак заблеска – осветлени фасадите од Офицерски дом до Магнолија (Видео)
Прекрасните објекти во должина на Широк Сокак, заблескаа во целосна светлина.
Општина Битола и Јавното претпријатие Комуналец комплетно го завршија осветлувањето на фасадите од Офицерски дом до Магнолија. Битолскиот архитектонски бисер со својата убавина е гордост за битолчани, но и вистинска атракција за сите гости кои во летниот период се во Битола.