Урбанизам во контекст на „ДУП, ГУП и ГЛУП“

Кај нас богаташите од селата и паланките, „за исти пари“, се изборија за место во строгите градски центри, фаќајќи врски за место во градинка, тренирајќи ги децата на секојдневен steeplechase до школото, трпејќи бука и карајќи се за паркинг место. Квалитет на живот? Ма ајде ве молам. Нека трпи детето и семејството, кога се работи за престиж: „Јас живеам во строг центар – кои беа другите 8 светски чуда“.

Социјалистичките „потемкинови села“ го уништија концептот на приватна своина, но го устоличија принципот на приватна своина спрема „заслуги за народ“. Поинаку, на поранешните богаташи им зедоа земја и куќи, за на нив да изградат зградичиња, пред кои ќе поминува Другарот Тито, па потоа им ги дадоа на комесарите, „борците“ и другите „заслужни за народ“.

Се разбира, оваа констатација е само наменска вулгаризација на „потемкиновите села“, за понатамошните намери, иако не е многу далеку, или барем дел, од вистината.

Сега принципот е ист, само што не конфискуваат, туку не им даваат да градат на сопствениците, туку тие мораат да го продадат на луѓе, кои можат да градат на истите тие места. Првите беа „заслужни за народ“, вторите „заслужни за доброто на граѓаните“.

И ова е нужна вулгаризација, но ако е применлива на 50% случаи – а верувам во тоа, веќе постои социолошка правилност. Ако е применлива на барем 25% случаи, тогаш имаме тотален пад на човековото право на сопственост, а ако е тој процент 10%, тогаш живееме во класично беззаконите. Математиката кажува: Сето заедно!

Се смени и општественото уредување, векот, начините на живот, но не и криминалот во урбанизмот. Напротив, тој се усоврши до високи, но не и крајни граници, како што ја личи една појава, која толку многу значи за нас.

На „трулиот запад“, богаташите, уморни од многуте „османизации“, позитивистички едукации и просветителство – битки кои ги изгубија, се преселија во предградијата, субурбиите и населби со специјален третман, плајќајќи за тоа многу поголеми даноци, од оние во другите „обични“ населби. Кај нас богаташите од селата и паланките, „за исти пари“, се изборија за место во строгите градски центри, фаќајќи врски за место во градинка, тренирајќи ги децата на секојдневен стиплчез до школото, трпејќи бука и карајќи се за паркинг место. Квалитет на живот? Ма ајде ве молам. Нека трпи детето и семејството, кога се работи за престиж: „Јас живеам во строг центар – кои беа другите 8 светски чуда“.

Велат, урбанизмот е наука, но „учените“ знаат дека во неговата основа е менталитетот, политиката, социумот. Кој ќе рече дека урбаното живеење е критериум, тој не знае дека урбанистичкото планирање зависи само од митоманскиот круг на политиката, бизнисот и урбанизмот. Визијата е за лажење мали деца, но само до 18 години, затоа што потоа се исселуваат.

За жал, точно на таа КП локација во нашите глави, тие „упатените“ сите нас нè чекаат во форма на митомани, политичари, административци, „газди“, кои купуваат имот со „слаба маркица“ или во функционално „погрешна зона“. На таа локација нема ниту ДУП, ниту ГУП, туку само ГЛУП. Тоа е таканаречена „КП за перцање“.

Сепак, основата на сето ова лежи во менталитетот, замислената и применетата флуктуација на моќта, која пак, од своја страна, повторно, се крепи на менталитетот. Менталитетот прави притисок преку личниот систем на вредности – латентен или манифестен, а тој ги движи акциите, кои се потпираат на дивите желби, а не на рациото. Дивата желба за племенски престиж, по секоја цена, го скара брат со брата, партија – со партија, колега – со колега, професор – со професор, неучен – со учен и неучен…

Ние не се правиме наивни дека не знаеме што е тоа геостратегија, интереси на странски земји во Македонија, етнички и верси агенди, глобализација и напротив, нив ги споменуваме како причина за нашите состојби. Но урбанизмот и Америчка амбасада? Тука треба малку да застанеме и да престанеме да ги прекрстуваме очигледните причини со „странскиот фактор“. Причините се еминентно наши и ние не сакаме да ги нападнеме и покрај френетичните повици од странските амбасади: Што правите, се давите во криминал – да не сте луди?

Декларацијата е сосема друга. Кога муабетиме, ние ниту мрава не газеме, простачки ни се сите манифестации на моќ, ние си го „живееме животот“ и не ни е гајле за другите, детето ставило ботокси, оти одат со пирсинзите и со дипломата од јадните факултети, се тетовирало, се задолжило, оти тоа е во мода, оти тоа е веќе потреба, оти…

А пак кога се работи за купување стан или куќа на „ачик“ место, тоа задира до најдлабоките слоеви на нашето задоволство и претставува доказ дека „џабе не сме живееле“. Поинаку: „Мајмунот сака што мајмунот гледа“, а овде (традициски) градбата е доказ дека е мајмунот жив, дека е подобар од многуте и дека е „домаќин“.

Семејните седативни математики се неверојатни: Наместо да плаќам кирија, ќе плаќам кредит, каматата е само 3%! Дека каматата е таква само 5 години, а потоа е прогресивна, односно „пазарна“, која оди и до 10% – никому ништо. Или, ќе ризикувам, оти нема да ме фатат, па кого го фатиле? Е таквата математика успева и навистина: Кој е досега фатен? Математиките продолжуваат: И да живее и да не живее во тој стан и да го издава или не, тој докажал дека е домаќин, кој се грижи инфлацијата „да не му ги изеде парите“. Вредноста зад сето тоа, во оголена форма вели: „Гледајте ме бре сељаци што направив – копиле сум јас“. Во тоа име, копиљакот, наместо во дворот или во гаражата, возилото ќе го паркира на улица, за рајата да го види, но и да им смета, кучето ќе го пушта по улици за комшиите да се плашат, а на детето ќе му купи силно појачало, да може да малтретира наоколу и да го покажува својот префинет вкус: Рок преку ден и Аца Лукас после 24 часот.

Зошто тогаш опортунистот од политиката или администрацијата да не му наплати за тоа? Перчењето е скапа занимација. Може ли некој да ги обвини што „перцаат“ сељак, кој сака да се покаже?  Дека „со сувото гори и сировото“, за партиите е само народна изрека, но за нас не. Таа „народна изрека“ сменила доста гарнитури, но изборот е тој, сведен на „магаре или змија“, па ајде да те видам.

За жал, точно на таа КП локација во нашите глави, тие „упатените“ сите нас нè чекаат во форма на митомани, политичари, административци, „газди“, кои купуваат имот со „слаба маркица“ или во функционално „погрешна зона“. На таа локација нема ниту ДУП, ниту ГУП, туку само ГЛУП. Тоа е таканаречена „КП за перцање“.

Но, ајде малку пошироко за сето ова.

За исти пари ние имаме и „супер заштита“ на желбите на политичарите преку деталните и генералните урбанистички планови. Дури и да е законот на твоја страна, ДУП – от не е! И ДУП – от да е на твоја страна, ГУП – от не е, а дури и ГУП – от да е на твоја страна, ГУП – от и ДУП – от не се меѓусебно хармонизирани. Резултато ист: Ти не можеш да градиш на сопствената парцела, но ако го продадеш „некому“, тогаш ќе може.

Консеквентно, градовите веќе одамна не нѝ се испланирани урбанистички. Нив ги развиваат „курто и мурто“, набрзина, без да ги заболи за било што. Се разбира, ниту Курто, ниту Мурто, кои се (најчесто) бизнисмени или посредници, тоа ќе го можеа без дозвола и храбрење од политичарите и функционерите. Нивната расипаност и неукост ја користи алчноста на „момците и девојките, кои познаваат некого“, а за тоа да го прават, имаат цела серија „експерти и професори“, кои им прават закони според „аргументи од новчаникот“. Криминалот е насекаде, а за лошите резултати, ќе ти одговорат дека има нов закон и треба време тој да се спроведе во дело, дека се чека промена на плановите, дека…. Администрацијата е тука да им удоволи на одбраните, против правата на посиромашните, офајдувајќи се во „криво – левото“ толкување на законот, кој е секогаш на нивна страна, без грижа дека обвинителите, судиите, владата и полицијата нешто им можат. Законот е затоа правен  така, за функционерите и администрацијата секогаш да бидат во право: Па, нели е подобро да пљачкаат највисоките функционери, отколку полицијата, обвинителите, судиите и инспекторите? А дека пљачка ќе има, тоа е решено во нашиот менталитет. Боли кога ќе даваш, но поминува како на кутре.

Но, тоа не е се! За исти пари ние имаме и „супер заштита“ на желбите на политичарите преку деталните и генералните урбанистички планови. Дури и да е законот на твоја страна, ДУП – от не е! И ДУП – от да е на твоја страна, ГУП – от не е, а дури и ГУП – от да е на твоја страна, ГУП – от и ДУП – от не се меѓусебно хармонизирани. Резултато ист: Ти не можеш да градиш на сопствената парцела, но ако го продадеш „некому“, тогаш ќе може.

Џабе ќе филозофираш, ќе учиш закони, ќе плаќаш адвокати. За да изградиш зграда, мора да жртвуваш понекој стан за криминалците, кои ние нагалено ги нарекуваме „политичари“ или „луѓето, кои ја средиле работата“.

Но, во политиката, газди на тие ДУП – ови и ГУП – ови се градоначалниците и нивната „добро информирана“ администрација. И што ќе си рече човек, кога ќе се појави некој политички избраник, кој ветува градби, за да стане градоначалник? Тој ќе градел, доградувал, ќе асфалтира патишта, ќе гради детски градинки… Чекај малку! Зар тоа не е работата на градоначалникот? Со кои пари тоа ќе го градиш? Да не ги донесе од баба ти и дедо ти парите или доби странска донација? Значи, се фали како ќе ги троши НАШИТЕ пари, за партијата да може да рече дека нешто направила во 4 – годишниот мандат? Јако! Дури и отчетот ќе сѝ го напечатат од наши пари. И тоа е поврзано со нашиот менталитет и нѝ го даваат, затоа што „ние тоа го баравме“. Ние играме „сигурица“, па ги наградуваме тие кои „помалку краделе“, односно чија партиска книшка најтазе „сме зеле“.

Главен збор кај локалците е „градам“! Нема помен дека се залага за обуки за администрацијата, нема менување на навиките на општинарите, нема трансфер на знаење од некаде, нема координација со работичките универзитети и со високонаучните институции, нема примање способни урбанисти и докажани експерти, нема јавна расправа за тоа како градот треба да изгледа, што бара новото време, што кажуваат податоците за растот на сообраќајот и бројот на коли во домаќинствата, нема ниту податок за некои (барем) краткорочни предвидувања. Нема! Има само „ај да ветиме нешто изградбено, што ќе им се бендиса на граѓаните, а потоа кој те прашува дали ќе оствариш“. Нема ниту јавно мислење од шефот на урбанистичките одделенија во општината, тие ЈП за ПУП, или како и да се нарекуваат, за идниот изглед и функции на градот, зони, како ќе ја зајакнеме граѓанската дисциплина, како ќе регулираме дивите градби да се намалат… Нема одговори на ништо, туку мантрање „за доброто на граѓаните“. Страв немаат, оти сите – кои можат да офираат, се наоѓаат на оваа страна на криминалот: Инволвирани се, оти и тие сакаат да се преселат во строгиот центар!

Вон опфатот на планот (надвор од градот или во некое блиско село) лесно можеш да градиш, но како тоа честит „сељак“ да домува на село и никој да не го гледа кога ја паркира колата на пешачки премин или на патека за велосипеди. Па уште ако комшијата не може да излезе од гаража заради тебе – полна капа.

Криминал немало, затоа што дозволите за градба одат преку системот за „е – дозволи“, а Законот за градба бил многу сложен и барал многу сериозна процедура. Главно, ти пак нема да градиш, но „мудрите момци“ ќе можат и ако треба и на твоја парцела. Леле, каква сложеност на тоа ДУП – овите и каква простотија на последиците! Ако ти се дава мито, пак не може, затоа што се знае кој може да даде мито, стан, количе… Ти не! Ти и таквите како тебе, кои имотот го наследиле или, можеби, го добиле со денационализацијата, можеш (не дај Боже) да лаеш и да сведочиш. Такви ним не им требаат. Чувај пари и купи си стан на твојата (продадена) парцела, откако некој друг ќе го изгради.

Ако се работи за неатрактивни локации, нема проблем. Малку ќе те вртиме во круг, пак ќе ти ги земеме парите и ќе ти дадеме да градиш, ама не како ти што си замислил. Ние ќе ти кажеме како и нема гаранција дека ДУП – от или „вон градежна зона“, ќе ги направиме за да можеш да градиш, иако ти си ги платил. Ќе начукаат илјада промени во ДУП – от, за роднини, пријатели и „мито – донатори“, а твоето барање воопшто не мора да го спроведат. ДУП – от не давал! Вон опфатот на планот (надвор од градот или во некое блиско село) лесно можеш да градиш, но како тоа честит „сељак“ да домува на село и никој да не го гледа кога ја паркира колата на пешачки премин или на патека за велосипеди. Па уште ако комшијата не може да излезе од гаража заради тебе – полна капа.

А јавниот интерес? Како не, може, може, амааа…. приватно е земјиштето. Се отепаа од градење на приватно земјиште, се накрадоа приватно земјиште од она – што не го вратија со денационализацијата, но јавен интерес на приватно земјиште може да се случи само ако најдат некој немоќен, кому можат да му го конфискуваат земјиштето по „државни цени“. Ако се работи за некој помоќен – нема да може: Приватниот интерес е одма после Господ и верските храмови, ама кога им се сака. Кога им се неќе – не е.

Некои пак говорат за „стилови на градба“, „урбанистичка визија“. Молам? Ало дечко, не е ова Данска. Кај нас и градоначалниците и нивните „мудри административци“ и „газдите“, одма пред промена на ГУП – от ќе си донесат нов ДУП, па ајде да ги видам тие урбанистички планери, кои ем мораат да го почитуваат ДУП – от, оти е „во сила“, ем мораат да воспостават урбана визија.

Со тоа ДУП – от си го бришеш ГУП – от, затоа што на изработувачите на ГУП – ови, сѝ им оставил „во наследство“ 80% домување, наместо претходните 35%. Тоа ти е како да сѝ ставиш окови, за да се чуваствуваш слободно. Па што? Децата и онака ќе си одат во странство, па барем да бидат близу до нас, кога ќе се вратат на 15 дена, од кои 7 во Грчка на одмор.

Триковите немаат крај, кога благослов им даваат коруптивните урбанистички и политички експоненти. Главно, сè може да се легализира, ако „сè сака“. Така, ако нешто не даваат плановите, посебно ДУП – от, дава „регулацискиот план“ на ГУП – от. Така, наеднаш добиваме „вклопени објекти кои веќе постојат, а се наоѓаат во градежната регулациската линија“. Овие објекти се изградени одамна, но бидејќи не постоел ДУП, биле дивоградби, а со Законот за легализација се веќе легализирани. Нема што да се плашиме дека ридот нема да издржи толкава градба, кога имаме изработено геомеханичко испитување на ридот или на карпата, која држи манастир и црква од 11 век. Кој ги порачал тие „испитувања“? Ах, баш си палав со тие прашања. Па види што нашле со испитувањата и види кому тоа му одговара и одма знаеш. Резултатите се однапред познати.

Кога ѓаволот ќе ја однесе шегата и ќе откопуваш трупови од под срушената зграда, тогаш виновници нема да најдете, ако ги најдете никој нема да поднесе кривична пријава, а ако поднесе, судијата нема да осуди никого, оти ќе нема докази и ќе има апетит да живее во центар. Земјиштето се лизнало затоа што … ама ајде не досадувајте! Прочитајте сѝ во студијата – изготвена од друга „стручна“ компанија. Ете, јасно стои дека земјиштето лизга, оти … лизга. Статиката и динамиката се поврзани.

А кога нема да има место во градинката, нема паркинг, нема зеленило, безбеден пат до училиште, пристап за амбулантни возила, за пожарникарски коли… секогаш можете да се повикате на урбаната мафија, која е неказнива, затоа што…. па мафија е, како да биде казнива?

Во урбанизмот власта не се менува, како што е случај и во судството, обвинителството, инспекторатите, бизнисот… Не се менува, затоа што менталитетот останува ист, а на него, како лилјаци се држат партиите и „копилињата“.

                Нема здраво планирање, ама има многу амбициозни луѓе во државичкава, кои можат да излезат на улица заради некој ГУП или ДУП, било донесен, било да сакаат да го донесат. Браво, вистинска граѓанска одговорност! Сега… малку буни што на чело на такви граѓански „изливи на совест“ излегуваат партиски луѓе, или на партиски митинг излегуваат „граѓани“. Точно тие говорат и дека е прекршен „мораториумот на изградба“ до носење на нов ДУП и дека плановите се базираат на фингирани бројки и дека бројот на жители во ГУП – от и ДУП – от се различни и дека плановите се донесени за една ноќ, за да се „прекинело спроведувањето на спорните планови“, но зошто тоа партија го организира, а нивните водачи правеа контрапротести за исти такви планови, кога „независни експерти“ водеа „заинтересирани граѓани“, ама од другата партија, кои се сега на власт? Тие, кутрите, така мислат, дека „нивните“ се на власт.

ГУП – от стана тоалетна хартија за ДУП – от, а вака, со децении недонесен Просторен план, преминавме на абдест – без абдесана, па фекалиите нѝ течат по нозете, но успешно игнорираме, во нашата „тешална“, дека поинаку не може да биде.

                Ете така, приказната е доведена до крај и „на божја правдина“ токму пред твојот нос, ќе се иживуваат со твојот имот, а ти можеш само да се тешиш дека и ти „нив си ги зафркавал“ кога во еден месец беше и административец и земјоделец и загрижен граѓанин за државните интереси, кога стегаше лајкови по партиски постови, кои ја бранат урбаната мафија. Ама беше фаца, нели, кога одеше преку ред, оти и ти „некого познаваш“. Уште повеќе ќе се утешиш кога ќе се сетиш дека еден ден и „твоите“ ќе дојдат на власт, па ќе си завршиш работа со градбата.  

Тоа мало морген! Во урбанизмот „твоите“ никогаш нема да дојдат на власт, посебно ако не си полн пари – по можност „пари што не болат“, од украдените. Кога ќе ти дојаде да чекаш, или ќе те стегне зорт, ќе ти биде жал што си бил соучесник, а не учесник, па со лесно ќе ја продадеш парцелата и ќе гледаш како на неа никнуваат велелепни згради, со прашањето „зар е можно приказната да тече несметано без оглед на промените на власта?“

                Во урбанизмот власта не се менува, како што е случај и во судството, обвинителството, инспекторатите, бизнисот… Не се менува, затоа што менталитетот останува ист, а на него, како лилјаци се држат партиите и „копилињата“.

Ако правиш денес – што си правел вчера, не очекувај резултатот да се смени утре. ГУП – от стана тоалетна хартија за ДУП – от, а вака, со недонесен Просторен план, преминавме на абдест – без абдесана, па фекалиите нѝ течат по нозете, но успешно игнорираме, во нашата „тешална“, дека поинаку не може да биде.

Слични Објави