|

(видео) „Девојките на Марко“ – Нова премиера во Прилепскиот театар

Во Центарот за култура денеска се одржа прес-конференција по повод утрешната премиера на театарската претстава „Девојките на Марко“, работена според познатото дело „Боинг Боинг“ од Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, а во продукција на Народен Театар Војдан Чернодрински.

На средбата со медиумите зборуваа. Марија Попова Јованоска, директор на Центарот за култура, Михајло Миленкоски, раководител на театарот, режисерот Синиша Евтимов, како и актерите Лора Штарго, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески и Марија Спиркоска Илијеска, во претставата играат уште Наташа Ачански и Јасмина Мицкоска – Станковска

„Девојките на Марко“ носи приказна исполнета со хумор, пријателства и животни ситуации кои оставаат трага врз изборите и патот на секој човек. Станува збор за динамична и забавна претстава, збогатена со сериозна актерска игра од дел од ансамблот на прилепскиот театар.

Премиерата ќе се одигра утревечер на големта сцена во НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп.

Слични Објави