|

Општината мора да обезбеди податоци и да ги објавува на својата веб страна за полесно привлекување на инвеститори

Во разговорот со професорот Бранко Димески од Правниот фаакулет при УКЛО Битола разговараме за теми поврзани со Јавната администрација и системот на локална самоуправа.

  • Многу  често се зборува дека администрацијата нема доволно капацитет за транспарентност и отчетност во својата работа?

„Довербата на граѓаните во институциите е мошне слаба, но мора да се виде зошто таа доверба е слаба од каде потекнуваа таа недоверба од страна на граѓаните. Институциите постојат за граѓаните, од една страна да го задоволат јавниот интерес на граѓаните и да ги задоволат потребите на граѓаните од локални услуги.“

  • Што е потребно за привлекување на инветитори и подобрување на економијата во една општина?

„За да привлече инвеститори општината мора да има „лична карта“ каде ќе биде наведено кои се прописите, што нуди општината, дали има даночни олеснувања, дали има квалификувана работна сила која би им излегла во пресрет на потенцијалните инвеститори. Општината мора да обезбеди податоци и да ги објавува на својата веб страна со цел претставување и полесно привлекување на инвеститори. Информациите се клучни за економскиот развој.“

Повеќе околу темата погледнете во видеото.

Слични Објави