Хуманост и грижа: Презентирани позитивните ефекти од проектот „TRANSACT“
На 19.05.2026 година во Центарот за социјални претпријатија – Скопје се одржа презентација на постигнувањата од проекти финасирани од Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални политки, здравство, нега и заштита на потрошувачи кои ги спроведуваат организации од нашата држава – ХЕРА, Здружение Центар за развој и едукација, Новинари за човекови права, Љубезност, Црвен Крст Македонија, и Сизигија.насочемни кон поддршка на различни социјално ранливи групи- бездомници, сиромашни, деца во ризик, и др.
Настанот беше свечено отворен од аташето на Австриската амбасада, г-дин Харaлд Бреза-Фугер, како и од г-дин Фатмир Сабриу, државен секретар во Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Во рамки на настанот беа презентирани и резултатите од проектот „TRANSACT“, кој повеќе од една година успешно се реализира во општините од Пелагонискиот Регион и бележи значајни резултати и позитивно влијание врз локалното население. Проектот се спроведува и обезбедува бесплатни интегрирани социо-здравствени услуги за граѓаните од општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Градско а од неодамна и општина Старо Нагоричане. Во проектот под менторство на организации од Австрија се креираат социо-здравствени услуги односно се обезбедуваат услуги од медицинска сестра, физиотерапевт, психолог, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед и социјален работник, со цел подобрување на квалитетот на живот на лицата во социјален ризик и ранливите категории граѓани. До сега, преку проектот се опфатени над 300 корисници, а распределени се и повеќе од 350 хуманитарни пакети.
Во склоп на проектот „TRANSACT“ реализирани се и бројни дополнителни активности, меѓу кои набавка на мобилна опрема за физиотерапевти, обезбедување медикаментозна терапија за лица со ретки болести, мерење на минерален и витамински статус, како и организирање на јавни настани и кампањи по повод „Розов октомври“, „16 дена активизам против родово базирано насилство“ и други активности од социо-здравствен карактер.
Презентираните резултати на сите граѓански организации ја потврдија важноста на партнерската соработка помеѓу институциите, граѓанскиот сектор и меѓународните поддржувачи во креирањето достапни, квалитетни и одржливи социјални услуги за граѓаните.


