(видео) ЕКО боички кои ја чуваат природата и ја будат креативноста кај децата
Видео кое ни ја раскажува приказната, за тоа како отпадната хартија може да добие нов живот преку создавање еко моливи и боички. Производи кои не само што ја штитат животната средина, туку и ја поттикнуваат детската фантазија, креативност и свест за одржлив развој.
Иницијатор на оваа еколошка и креативна мисија е ЛАГ АГРО ЛИДЕР, организација која преку вакви активности ја промовира циркуларната економија, еколошката едукација и активното вклучување на младите во создавање подобра и поодржлива иднина.
Вистински херои во ова видео се учениците од 4г одделение при ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп, заедно со нивната одделенска наставничка Теодора Стојаноска, кои преку својата љубопитност, креативност и еколошка свест покажуваат дека и најмалите можат да направат големи промени за подобра и почиста иднина.
Преку реупотреба и циркуларна економија, се испраќа порака дека секој отпад може да стане нешто вредно и корисно. Еко моливите и боичките се мал, но важен чекор кон почиста и поодговорна иднина.


