Дадено е со законот, не го користиме
Граѓанското учество претставува вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Законот вели дека „Комуникацијата помеѓу локалната власт и граѓаните мора постојано да се практикува преку институционални механизми“: посредното учество на граѓаните е преку избраните претставници, а директното преку „облици на учество на граѓаните во одлучувањето“ (чл. 25, 29 и 30 од ЗЛС):
- Граѓанска иницијатива (Граѓаните (најмалку 10% од избирачите на општината или на „месната самоуправа“) имаат право да му предложат на Советот да донесе одреден акт или да реши одредено прашање и не може да биде поднесена за кадровски и за финансиски прашања, а Советот е должен за предлогот да расправа, најдоцна во рок од 90 дена по доставената иницијатива и да ги информира граѓаните за својата одлука).
- Собир: Собир на граѓани може да свика градоначалникот (или на барање на Советот или ако предлогот има поддршка од 10% гласачи на општината или месната самоуправа – на која се однесува прашањето), а „општинските органи“седолжни во рок од 90 дена да ги разгледаат заклучоците – донесени на собирот и „да ги земат предвид“ при одлучувањето.
- Референдум: за прашањата од надлежност на општината, за што Советот (по туѓа или по сопствена иницијатива) е должен да распише референдум на барање од најмалку 20 % од избирачите на општината, а донесената одлуката е задолжителна за Советот.
- Претставки и предлози: Секој граѓанин има право да доставува претставки и предлози за работата на општината и на општинската администрација, а градоначалникот е должен да создаде услови за доставување претставки и предлози и најдоцна за 60 дена, од денот на приемот на претставката или предлогот, на подносителот да му достави образложен одговор и „писмените“ коишто не се однесуваат на општината да ги достави до соодветниот надлежен орган и за тоа да го извести подносителот.
- Јавни трибини и анкети (ако општината сака да ја провери јавната поддршка на некој пропис или акција на општината).
- Понова форма се „форумите во заедницата “, кои ги прифатија 68 општини, преку одлуки на Советите: замислени како транспарентна форма на практика на одлучување, со истовремено подигање на јавната свест за граѓанската одговорност за трошењето на општинските средства.
- Кај ,,буџетските форуми“ одлуката донесена од граѓаните треба да биде усвоена од Советот на општината, пред да може да се спроведе. Форумите се организираат заради јавна расправа за предложените приоритети во планските документите и за предлагање и избор на проекти. Форумот претставува низа од 6 сесии со структурирани дискусии со „групите од интерес“ и да воспостават методологии за дебати, извлекување заклучоци, поставување приоритетност на проекти и рапортирање.