|

Прилепските ученици Марин и Алексеј, победници на Европскиот квиз на парите

Учениците Марин Христоски и Алексеј Мицковски од ООУ„Кире Гаврлилоски-Јане“ – Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, постигнаа извонреден успех освојувајќи го првото место на Европскиот квиз на парите, одржан на 1 април 2025 година. Овој престижен натпревар, кој годинава привлече над 400 тимови од целата држава, е дел од иницијатива за финансиска едукација на млади организирана од Македонската Банкарска Асоцијација во соработка со Европската банкарска федерациј

Уште поголем беше триумфот на 4 април, кога во просториите на Македонската Банкарска Асоцијација се одржа вториот круг од натпреварот. Повторно, Марин и Алесеј беа најдобри, освојувајќи го првото место и обезбедувајќи пласман на Меѓународниот натпревар што ќе се одржи во Брисел, Белгија.

Европскиот квиз на парите има за цел да ја подобри финансиската писменост кај младите, поттикнувајќи ги да разберат важни концепти како што се штедење, буџетирање, банкарски услуги и одговорно финансиско однесување.

Учениците сега ќе ја претставуваат Македонија на европско ниво во Брисел, каде ќе се натпреваруваат со победнички тимови од целиот континент.

Слични Објави