Хуманитарен турнир во табла на 21 септември во Прилеп
Во понеделник, 21 септември, во „Корнер кафе“ во Прилеп, кај кружниот тек во близина на ООУ „Гоце Делчев“, ќе се одржи хуманитарен турнир во табла.
На турнирот ќе се играат сите три табли, а котизацијата за учество изнесува 300 денари. Организаторите информираат дека средствата од котизацијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
За најдобрите учесници се обезбедени парични награди од 3.000 денари за првото, 2.000 денари за второто и 1.000 денари за третото место.
Пријавувањето трае до 20 септември.
За подетални информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат во „Корнер кафе“ или на телефонските броеви 078 488 800 – Кристи и 071 398 704 – Давид.
Организаторите ги покануваат љубителите на таблата на дружење, фер-плеј и поддршка на хуманитарната акција.


