Дејан Проданоски – Лична карта и имотна состојба

Дејан Проданоски е избран за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори одржани во 2025 година, освојувајќи победа во првиот круг. До изборот на оваа функција, тој ја извршуваше должноста пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, како претставник на ВМРО-ДПМНЕ.



Проданоски е роден на 14 април 1981 година во Прилеп, каде што го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, насока сообраќаен инженер.

Професионално и јавно ангажирање

Првото работно искуство го стекнува во Државниот архив – Прилеп, каде во периодот од 2012 до 2017 година ја извршувал функцијата раководител на одделение.

Проданоски има повеќегодишно искуство во локалната самоуправа и јавниот сектор. Во 2011 година бил претседател на Пописната комисија за општина Прилеп. Подоцна, во повеќе мандати бил член на Советот на Општина Прилеп, а во периодот 2021–2024 година ја извршувал должноста претседател на Советот на општината.

Во 2024 година е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, по што, по победата на локалните избори, ја презема функцијата градоначалник на Прилеп.

Имотна состојба

Пратеникот Дејан Проданоски, за мандатниот период 2024–2028 година, пријавил вкупна имотна состојба во износ од 48.557 евра, според анкетниот лист објавен на 24 јули 2024 година.

Во документот е наведено дека Проданоски поседува куќа и градежно земјиште во Прилеп, стекнати во 2016 година со договор за купопродажба.

Дополнително, поседува автомобил „Peugeot 5008“ и трансакциска сметка (рамковен договор). Проданоски има пријавен долг по основ на кредит, а уште еден кредит е евидентиран на името на неговиот брачен другар.

На име на сопругата е пријавен приход, како и право на родителски додаток за дете во износ од 1 милион денари.

Слични Објави