Фолклорот што не поврзува – “Велигденски фолклорни средби”
На 13.04.2025 година (недела) со почеток во 12:00 часот на Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи осмото издание на Националниот фолклорен фестивал “Велигденски фолклорни средби”.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат:
- КУД “Илинден” Демир Хисар
- КУД “Рацин” Кичево
- ЗФА “Копачка” Драмче – Делчево
- КУД “Мирка Гинова” Демир Капија
- КУД “Илинден” Битола
- КУД “7-ми Септември” Македонски Брод
- КУД “Брвеница” Брвеница
- ФА “Гоце Делчев” Битола
Фестивалот е во организација на Домот на културата “Илинден” Демир Хисар, под покровителство на Градоначалникот на Општина Демир Хисар и е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Р.С.Македонија како проект од национален интерес во културата за 2025 година.