Петнаесетто издание на PRILEP JAZZ WEEKEND од 1 до 3 октомври

PRILEP JAZZ WEEKEND годинава го носи своето јубилејно, 15-то издание. Фестивалот повеќе од една деценија е дел од културната понуда на Прилеп, со континуирана програма посветена на џез-музиката.

Јубилејното издание ќе се одржи од 1 до 3 октомври во кино-салата на НУЦК „Марко Цепенков“.

Програмата започнува во четврток, 1 октомври, со настапот на Глигор Кондовски и Дориан Јовановиќ во 21 часот, по што во 22:30 часот следува настапот на SETHSTAT.

Во петок, 2 октомври, од 21 до 23 часот е предвидена програмата „Џез за Чудаци“.

Фестивалот завршува во сабота, 3 октомври. Од 21 часот ќе настапи ПИЈАН СЛАВЕЈ, а во 22:30 часот PEACH VICE.

Слични Објави